ФОТО | Вознемирувачки приказ на сообраќајката на принцезата Дијана, „The Crown“ повторно мета на критики

Фото: Инстаграм/„The Crown“/Profimedia

Историската драма „The Crown“, која ја следи приказната на британското кралско семејство од четириесеттите години на минатиот век, па се до денес, веќе неколку пати се соочи со жестоки критики за „искривување на вистината“.

Последната контровезија во низата е начинот на кој ќе биде претставена смртта на принцезата Дијана во серијата. Имено, деновиве се појавија фотографии од филмскиот сет каде била поставена реплика на уништениот мерцедес во кој трагично загина саканата „принцеза на народот“.

На 31 август 1997 година, принцезата Дијана беше смртно повредена во сообраќајна несреќа на патниот тунел кај мостот Алма во Париз која, исто така, предизвика смрт кај нејзиното тогашно момче Доди Ал Фајед и кај Анри Пол, нивниот возач и вршител на должноста обезбедување во хотелот Риц во Париз.

Фото: Профимедиа

Од „Нетфликс“ неколку пати потенцираа дека трагичната несреќа нема да биде прикажана во „The Crown“, но извор кој работи на серијата говори поинаку.

„Мислам дека на многумина нема да им се допадне што тие толку детално го рекреираа смачканиот автомобил, а кралското семејство ќе биде особено вознемирено“, изјави изворот за „Дејли мејл“.

Претходно, „Нетфликс“ доби бројни критики за одлуката да ја претстави принцезата Дијана и нејзиното познато интервју со новинарот на „Би-би-си“, Мартин Башир.

Меѓу критичарите беше и братот на Дијана, Чарлс Спенсер, кој изјави дека не му е пријатно да го гледа начинот на кој е претставена неговата сестра во серијата, но и дека се плаши од тоа дека гледачите заборават дека тоа е, всушност, фикција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот