ФОТО | Во Шведска се отвора музеј во чест на починатиот диџеј Авичи

Авичи/Facebook
Авичи/Facebook

Шведската престолнина Стокхолм е извор на поп музичката атракција која влезе во историјата, а тоа е бендот Abba. Но, со уште еден потег, овој град ќе стане мека за љубителите на електронската музика и почитувачите на диџејот Авичи.

По четири години од смртта на суперѕвездата, градот се подготвува да го отвори интерактивниот музеј „Аvicii Ehperiencea“, кон крајот на февруари. Вистинското име на овој прерано заминат музичар е Тим Берглинг.

Изложбата во музејот ќе ја сочинуваат видеозаписи, фотографии, меморабилии и необјавена музика од изведувачот, но и ќе се раскаже приказната за тоа како Авичи стана позната ѕвезда на електронската клубска сцена.

Авичи/Фејсбук
Авичи/Фејсбук

Кустосите на музејот кажаа дека музејот ќе ја следи приказната на неговиот живот „од повлечен паметен млад човек до славна ѕвезда“.

Ќе бидат приложени и неговата детска соба, како и студиото во Лос Анџелес во кое Авичи ги сними своите најголеми хитови, меѓу кои „ Wake me up“

Градските власти најавија уште во 2021 година дека се работи на отворање на овој музеј, а исто така и спомен – обележје во луксузниот четврт Остермалм, каде е диџејот роден и израснат.

Тим Берглинг, познат по многубројните хитови и настапи во светот, трагично посегна по својот живот во 2018 година на само 28 годишна возраст. Работеше како продуцент и настапуваше во живо низ целиот свет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот