Најдолгиот сендвич на светот/ Фото: Принтскрин Х

ВИДЕО+ФОТО | Во Мексико направен најдолгиот сендвич на светот

За време на 20-тото издание на фестивалот на сендвичи во Мексико Сити, беше направен сендвич долг 90 метри, што претставува нов рекорд.

Сендвичот тежеше речиси еден тон.

Работници од бројни домашни и меѓународни ресторани и продавници специјализирани за подготовка на традиционални мексикански сендвичи учествуваа во подготовката на овој кулинарски потфат, пишува N1.rs.

Огромниот сендвич тежеше речиси еден тон, а посетителите на фестивалот имаа можност бесплатно да вкусат дел од овој џиновски сендвич.

Организаторите го срушија сопствениот рекорд и на спектакуларен начин одбележаа две децении од фестивалот што го слави еден од најомилените мексикански специјалитети.

Фестивалот првично се вика The Feria de la Torta, а тоа е вид сендвич во Мексико.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот