ФОТО | Вљубена покрај партнерот: Лејди Гага го покажа големиот веренички прстен на Венецијанскиот филмски фестивал

Фото: Profimedia

Американската пејачка Лејди Гага пристигна во Венеција, каде ќе го промовира нејзиниот нов филм – „Џокер: Лудило за двајца“ („Joker: Folie à Deux“) во рамки на годинашното издание на Венецијанскиот филмски фестивал.

Таа пристигна во Италија во друштво на нејзииот вереник Мајкл Полански и гордо позираше пред „љубопитното око“ на папарацо фотографите.

Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia
Фото: Cobra Team / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Пејачката во понеделникот се појави во црно-бел фустан со точки, кој го искомбинира со црни очила за сонце. Гага својот изглед го комплетираше со црни хулахопки и црни чевли, но вниманието го привлече нејзиниот голем веренички прстен.

Таа денеска на фестивалот пристигна во долг црн фустан и високи потпетици, а аутфитот го комплетираше со црна беретка.

Фото: Alberto Terenghi/Pool Photo Even / Shutterstock Editorial / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот