ФОТО | „Вистинската љубов зрачи“: 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски изненадена од пораките што ги добива

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Anica Lazic

Српскиот актер Лазар Ристовски очигледно ужива во љубовта со неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ (32), а за нивната врска периодов постојано се зборува.

Лазар вчера го прослави својот 71 роденден, а по тој повод Аница сподели заедничка фотографија со емотивна роденденска порака за актерот.

Сега, таа одлучи на својот инстаграм-профил да ги сподели пораките што ги доби од нејзините следбеници, кои многу пријатно ја изненадија и ја разнежнија.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Преубави и многу силни, и психички и секако, поддршка за вас!“, пишува во една од пораките на кои таа се заблагодарила.

За следната порака Аница напиша дека особено ја разнежнила и посакува сè најдобро.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Како некој кој е во брак со 42 години постар маж, целосно те разбирам и испраќам поддршка во секоја смисла, љубовта е љубов!“, гласела пораката.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Вистинската љубов зрачи, ние што ја живееме тоа го знаеме. Тие што не разбираат, за жал, не разбираат затоа што тоа не го почувствувале и не треба да се обвинуваат. Остануваш инспирација, сè најдобро!“, напишал друг корисник на Инстаграм.

Инаку, актерот пред извесно време ja потврди врската со Аница Лазиќ. Како што пренесоа српските медиуми, двојката речиси една година ужива во љубовта, а врската ја криеле од очите на јавноста.

ФОТО | Мајката на 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски јавно му се обрати на актерот

ФОТО + ВИДЕО | Лазар Ристовски наполни 71 година: 39 години помладата девојка му порача „Те сакам таков каков што си“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот