ФОТО | Мајката на 39 години помладата девојка на Лазар Ристовски јавно му се обрати на актерот

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Anica Lazic

Лазар Ристовски вчера го прослави својот 71 роденден, а неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ сподели заедничка фотографија со емотивна роденденска порака за актерот.

– Лазар (што значи „Бог помага“). Се верува дека маж со ова име бил испратен од Бога да помогне на Земјата. Јас знам дека е така. Ти си победник. Добротворец. Нашиот најголем уметник. Вечниот творец кој го сака животот и затоа животот те сака тебе. Заштитник. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и добро срце. Пред да те запознаам бев среќна. Сега таа среќа е двојно зголемена. Ти ми го разубави животот на сите полиња и секој ден со тебе е благослов. Те сакам токму таков каков што си. Среќен роденден! – напиша Аница, со емотикон срце на крајот.

На објавата се огласи и нејзината мајка Анкица Лазиќ, која има убави зборови за дечкото на ќерка ѝ. Таа остави коментар под фотографијата:

„Среќен роденден, витезу на храброста!“, напиша Анкица заедно со низа емотикони, па нејзината ќерка набрзо ѝ возврати:
“Ти благодарам, мамо!” Те сакам!”

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот