ФОТО + ВИДЕО | Лазар Ристовски наполни 71 година: 39 години помладата девојка му порача „Те сакам таков каков што си“

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Актерот Лазар Ристовски денеска наполни 71 година, па на Инстаграм објави интереснo стори.

Aктерот ja насочил камерата кон неговото лице, ствајќи акцент на брчките, прашувајќи: „Добар, сум, а?“

Сепак сите очекуваа да се огласи неговата 39 години помлада девојка Аница Лазиќ, што таа го направи со емотивна порака. Таа објави заедничка фотографија со актерот а во описот напиша:

– Лазар (што значи „Бог помага“). Се верува дека маж со ова име бил испратен од Бога да помогне на Земјата. Јас знам дека е така. Ти си победник. Добротворец. Нашиот најголем уметник. Вечниот творец кој го сака животот и затоа животот те сака тебе. Заштитник. Оптимист. Патриот. Смел и храбар. Голем пријател. Човек со широка свест и добро срце. Пред да те запознаам бев среќна. Сега таа среќа е двојно зголемена. Ти ми го разубави животот на сите полиња и секој ден со тебе е благослов. Те сакам токму таков каков што си. Среќен роденден! – напишала Аница, со емотикон срце на крајот.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ Anica Lazic

Инаку, Аница Лазиќ глуми во популарните серии „Попадија“ и „Дрим тим“, но актерството ѝ е всушност хоби, а нејзината примарно занимање е психологијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот