ФОТО | Викториа Лоба се пофали со нова фризура: Во вакво издание не сте ја виделе

викториа лоба
Викториа Лоба, Фото: Инстаграм

Познатата пејачката со руско потекло, Викториа Лоба на својот инстаграм–профил ни го „отвора прозорецот“ во нејзиниот живот. Лоба покрај својот талент за пеење, постојано е уважувана за нејзината убавина.

Таа иако се држи до својот препознатлив стил кога е во прашање нејзината фризура, сега направи голема промена и ги изненади обожавателите.

Лоба сподели фотографии на „Инстаграм“ со нејзините две кучиња Маша и Мила и раскошна афро фризура. На сликите, таа изгледа како лик од филм, или барем некој кој би се шетал по сончевите улици на Лос Анџелес.

Иако сме „навикнати“ на долгата, права коса, овој експеримент вреди да се повтори.

ВИДЕО | Лоба низ солзи порача: Народот треба да биде обединет, само така политичарите нема да нѐ скараат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот