ВИДЕО | Лоба низ солзи порача: Народот треба да биде обединет, само така политичарите нема да нѐ скараат
Пејачката Викторија Лоба неодамна гостуваше во утринската емисија на телевизија Телма, каде зборуваше за нејзините нови проекти, но и за позицијата на музичарите за време на пандемијата на коронавирусот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Некако се потроши инспирацијата за убавото, за славењето, за музиката. Така што, веќе почнуваме да се будиме кога станува збор за музиката, да ѝ прикажеме нешто убаво на публиката. Но, ете повторно се случуваат неубави работи. Многу е деликатно, некогаш времињата не се за убави песни, некогаш времињата не се за да тргнеш и да пееш за нешто што навистина не е важно во моментот. Како артисти, треба да ја пресликуваме ситуацијата којашто народот ја живее моментално“, вели таа.
Лоба, која е родена во Русија и живеела таму сѐ до осумгодишна возраст, ја искористи приликата за да го каже своето мислење за актуелните случувања во Украина.
„Јас сум со огромна желба за мир, љубов и разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, порача пејачката со солзи на очите.


