ФОТО+ВИДЕО: Министерот Филипче се вакцинираше со вакцината на Синофарм, другите министри добија термини

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Министерот за здравство Венко Филипче ја прими првата доза од кинеската вакцина на Синофарм во вакциналниот пункт во Арената Борис Трајковски, согласно сите протоколи.

Како и сите граѓани што се вакцинираа, така и Филипче поседе 15 минути во Арената откако ја прими вакцината, поради евентуални несакани дејства. Здравствените работници денеска му ја закажаа ревакцинацијата за 28-ми мај.

Колегите на Филипче, министрите во Владата, како и нивните заменици, добија термини за вакцинација во наредните 10 до 14 дена, зошто како што рече „непосредно после Собранието, Владата е институција која е битна за функционирањето на државата“.

-Тоа е национална стратегија која се темели на националните стратегии и принципи на сите земји во светот е еден добар систем и по тој систем треба да се приддржуваме, рече Филипче.

Скопје, 07 мај 2021 / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Филипче им порача на сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација од каде преку „Мој термин“ ќе добијат повик за вакцинација.

– Акцент е ставен на сите пријавени на сајтот vakcinacija.mk со приоритет по возрасна група и паралелно на тоа еден помал дел оди кон вработените во критичната инфраструктура како што започнавме уште пред неколку недели, рече Филипче.

Министерот соопшти дека досега 24 илјади граѓани се ревакцинирани со постоечките вакцини, а над 104 илјади граѓани примиле една доза од вакцините. Со набавката на новите количества на вакцини, тој очекува процесот непречено да се одвива и наредниот период во салите за вакцинација во земјава.

-Апелирам сите да се свесни дека вакцините се сигурни, безбедни, дека сите се развиени на безбедни платформи, дека несаканите ефекти се навистина мали, има точни индикации односно контраиндикации за возрасни групи или некои специфични критични категории граѓании кои нема да треба да примат некаква вакцина и ние тоа го влечеме како податок од научните испитувања од производителите, нагласи Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот