ФОТО+ВИДЕО | Ева Лонгорија повторно ги покажа бујните облини во бикини: Друштво ѝ правеше познат актер
Американската актерка Ева Лонгорија (49) летните денови ги поминува со семејството и пријателите на плажа во Шпанија, а нејзините нови фотографии во бикини никого нема да остават рамнодушен.
Ѕвездата на „Очајни домаќинки“, Ева Лонгорија, за време на својот одмор беше фотографирана во сино дводелно бикини со жолти и црвени детали, кои ги истакнаа нејзините бујни облини.
Eva Longoria, 49, works on her tan in a tiny rainbow bikini as she enjoys drinks and a swim during Marbella beach day with her pals and son Santiago, 6 https://t.co/e0jtpikrGI
— Daily Mail Celebrity (@DailyMailCeleb) August 8, 2024
Ева Лонгорија како моден детаљ на плажата носеше сламен шешир, кој ја штитеше од сонцето, а носеше и очила за сонце.
Таа максимално го искористи сонцето и времето поминато на плажа со своето семејство и пријател, актерот Аморим Ноласка, познат по улогата во серијата „Бегство од затвор“ (Prison Break).
Инаку, актерката изминатите години ослабе околу 20 килограми и сега изгледа подобро од кога било.
Тајната, како што рекла еднаш, е во тоа што по еден час дневно скока на трамболина, престанала да консумира шеќер, тесто и алкохол, а најмногу јаде органска и свежа храна.