ФОТО + ВИДЕО | Џенифер Лопез повторно провоцира со секси изглед: Длабоко деколте, висок шлиц и гол грб

Фото: Инстаграм/ jlo

Џенифер Лопез на Инстаграм објави серија фотографии на кои, меѓу другото, позира во кујната во свечен фустан со длабоко деколте.

„Мојот омилен дел од излегувањето е да се вратам дома на полноќна ужина“, напишала 55-годишната пејачка покрај објавата, а на една фотографија позирала со лажица во рацете покрај шпоретот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

Објавата собра 1,1 милион прегледи, а многумина нејзиниот фустан го нарекоа „одмазда“ по разводот со Бен Афлек.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Изгледаш неверојатно“, „Мило ми е што се смееш“, „Совршенство“, „Само Џенифер готви во фустан за Оскар“, „Најубавата пејачка досега“ и „Афлек изгуби многу“, се дел од коментарите.

Инаку, Бен неодамна беше фотографиран со поранешната сопруга Џенифер Гарнер од која се разведе во 2018 година, но останаа во пријателски односи. Папараците ги снимиле и додека возат заедно во Лос Анџелес, а празниците наводно ќе ги поминат заедно, што е желба на нивните деца Вајолет (18), Серафин (15) и Семјуел (12).

Бен и Џенифер Лопез се венчаа во 2022 година, а летово објавија дека се разведуваат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот