ФОТО+ВИДЕО | Драстично го промени имиџот: Хари Стајлс со избричена глава ги разочара обожавателите

Фото: EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN//Принтскрин/ инстаграм/ ТМЗ

Хари Стајлс речиси секогаш ја носел истата фризура од почетокот на кариерата, а обожавателите не можат да го замислат без локните со неговиот потпис.

Познатиот пејач сега реши да го промени имиџот и ги шокираше сите со новиот изглед. Стајлс се појави на концертот на „Ју ту“ во Лас Вегас со неговата девојка Тејлор Расел, а на социјалните мрежи почна да кружи фотографија на која се гледа неговата избричена глава. 

И додека некои обожаватели го пофалија неговиот нов имиџ, нарекувајќи го лошо момче, други не беа толку ентузијасти, а некои дури и го исмејуваа.

„Мислев дека ова е мим“, напиша еден корисник на Икс (поранешен Твитер), додека друг коментираше: „Не сакам да бидам драматична, но избричената глава на Хари Стајлс ми го уништи животот“.

„Можеби му се заглавила гума за џвакање во косата, па ја замолил мајка му да го избричи“, се пошегувал еден фан, додека друг молел: „Избришете ја оваа фотографија, луѓето плачат“.

ФОТО + ВИДЕО | Хари Стајлс има нова девојка: Повторно фатени заедно со Тејлор Расел

Хари Стајлс лансира колекција парфеми со „секс тематика“

ВИДЕО | Хари Стајлс го прекина концертот за бремена обожавателка да оди во тоалет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот