ФОТО | Венчаница од 91 метар свила, а наместо букет нешто невообичаено: Дали знаете како изгледала Меланија Трамп на венчавката?

Фото: Профимедиа

Поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија на 22 јануари прославија 16-годишнина од нивниот брак, а на својата венчавка во далечната 2005 година тие за својата свадба потрошија повеќе од милион долари.

Бракот со Меланија за Доналд беше трет по ред, по неуспешните со Ивана и Марла Мејплс.

Словенечката манекенка Меланија Кнаус не сакала да ја испочитува желбата на Доналд телевизии од целиот свет да ја пренесуваат нивната венчавка во живо, па така тој се откажал од таа намера.

Тој ја запросил со 12-каратен смарагден прстен, а пред олтарот застанаа во Палм Бич, на Флорида.

Меланија истакна дека таа сама ја организирала целата церемонија. Таа на себе носеше Диор венчаница од дури 91 метар свила, тешка 25 килограми. Венчаницата чинеше 150 илјади долари, а заврши и на насловната страница на магазинот Вог.

Интересно е тоа што Меланија немала класичен букет или бидермаер, туку во рацете држела семејно наследство во вид на бели рози.

Свадбената торта исто така беше многу екстравагантна, на 7 ката со височина од два метри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот