ФОТО | Вечера со најсмешните луѓе на светот: Џим Кери ги собра комичарите на неговиот 62 роденден

Фото: Инстаграм/ therealjeffreyross

Актерот Џим Кери го прослави својот 62 роденден и по тој повод ги поканил некои од најпознатите комичари во светот да го прослават специјалниот ден.

Aктерот бил опкружен со познати пријатели меѓу кои Џими Кимел, Адам Сендлер, Сет Грин, Џеф Рос, Дастин Хофман и Бил Бур во Западен Холивуд една недела пред неговиот 62-ри роденден на 17-ти јануари.

Фото: Инстаграм/ therealjeffreyross

Комичарот Џефри Рос сподели фотографија од прославата, покажувајќи ги сите кои присуствувале на забавата во приватниот клуб „San Vicente Bungalows“ во Лос Анџелес.

Меѓу гостите биле актерот Адам Сендлер, водителот Џими Кимел , комичарот Хауи Мендел и комичарот Бил Бу . Некои од нив позираат со насмевка на лицата, а некои, меѓу кои и роденденското момче, прават гримаси.

Фото: Инстаграм/ hellocanadamag

Интересниот тим предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи. „Само да бев мува на ѕидот од таа соба, тоа ќе беше одлично“, „Тоа ќе беше ноќ полна со смеа“, напишаа некои.

Џим неодамна го привлече вниманието на јавноста откако фотографите го фатија како излегува по долго време. Актерот целосно го променил имиџот и ја пуштил косата до раменици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот