9 C
Скопје

ФОТО | Убава вест: Пристигна првиот штрк во Македонија, своето гнездо го смести во селото Богородица

Во гевгелиското погранично село Богородица, според евиденцијата на Македонското еколошко друштво, пристигна првиот штрк предвесник на пролетта во Македонија. Во неделата, штркот безбедно се сместил во своето гнездо изградено врз камбанаријата на селската црква.

„Пристигна! Пристигна! Првиот штрк пристигна во Македонија! Марјан Иванов ни соопшти дека на 21 февруари пристигнал во Богородица и си го зафатил гнездото. Пишувајте ни за штрковите кои ќе ги видите, по можност сликајте ги и гнездата кои ги користат“, стои во фејсбук-објавата на МЕД.

Гевгелискиот регион,посебно селата Богородица и Стојаково кои се опкружени со вода и изобилство од храна,се сметаат за места со најголем број штркови во нашата земја за кои веќе почна да се води и посебна грижа поради податокот што нивниот број кај нас и во Европа,според последните пребројувања,покажува тенденција на континуирано намалување.

Прочитајте и...  Маас: Развојот на настаните во Иран не е позитивен знак за нуклеарните преговори

За овие преселни птици се вели дека гнездата ги прават само во еколошки чисти средини што значи дека доколку ги има во вашата средина, живеете во чиста и здрава човечка околина.

Поврзани вести

Слободен печат

Заев и Спасовски на граѓаните од исламска вероисповед им го честитаа Светиот месец Рамазан

Слободен печат

Владата напладне ќе ја одржи редовната 65-та седница

Слободен печат

Вики Димчевска, агент за недвижности, револтирано: Самопрогласени агенти го уриваат угледот и долгогодишното децениско работење на вистинските и професионални агенции

Ана Анастасовска

Зариф во писмо до Гутереш: Инцидентот во Натанц е нуклеарен тероризам

Слободен печат

Постојат индикации дека во Србија пристигнал бразилскиот вирус: Многу млади се на респиратори

Слободен печат

Остави Коментар