ФОТО | Tурската актерка Бергузар Корел: „Се пораѓав 11 часа, тоа беше болно, единствено искуство… Лејла се роди со папочната врвца околу вратот“

Бергузар Корел
Бергузар Корел/Instagram

Бергузар Корел и сопругот Халит Ергенч, познати по улогите на Шехерезад и Онур во серијата „1001 ноќ“, на почетокот на ноември го добија своето трето дете.

Популарната турска актерска двојка доби ќеркичка за која го одбраа името Лејла. Фотографијата на која Бергузар позира со малечката има наслов „Ова место ќе мириса долго време на млеко“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Berguzar Korel (@berguzarkorel)

На својот инстаграм-профил, турската актерка отворено ја запиша голготата низ која поминала за да стане мајка по трет пат. Таа напиша:

„Покрај сите болки што ги имав кога излегов од дома, си реков: Ова девојче ќе го родам дури во 10 часот наутро! Пред крајот на 40-та недела, докторот ми кажа: ‘Постои причина поради која бебето се’ уште не е родено, можеби папочната врвка му е кратка.’

Времето поминуваше, моето тело беше подготвено, но таа не се појавуваше. По 11 болни часови, Лејла е родена во времето што го претпоставив, точно во 10 часот наутро, со папочната врвка околу вратот. Конечно можев да ја прегрнам нашата ќерка… Имав среќа што покрај мене имав прекрасен тим доктори, на кои моето здравје и здравјето на детето им беа на прво место“.

Актерката е во брак од 2009та година со Халит Ергенч, исто така актер со кого има два сина, Алија и Кан. За третата бременост, 38 годишната Бергузар дознала за време на снимањето на серијата „Knali Yayi“, и објави и на социјалните мрежи.

Турските глумци од познатите серии „Илјада и една ноќ“ и „Сулејман Величествениот“ станаа родители по третпат!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот