ФОТО | Три месеци по трагедијата, Калиопи одржа спектакуларен концерт во Белград: Во постојан контакт сум со семејството на несреќната жена

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Македонската поп дива Калиопи Букле во вторникот одржa спектакуларен концерт пред белградската публика во салата МТЦ.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Белград, ти засекогаш остануваш во моето срце! Оооо каква ноќ!“, напиша Калиопи покрај фотографиите од концертот што ги објави на својот профил на Инстаграм.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Тоа е нејзин осми концерт во Белград во нејзината кариера, а втор во салата МТЦ.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Македонската поп дива уште еднаш покажа дека е еден од најмоќните вокали во регионот и пејачка за почит и восхит.

– Многу сум горда на сите нив, тој ветер е многу силен и имаме и нов член на бендот. Вечерва ќе пружиме посебно аудио и визуелно доживување на публиката, сите ќе уживаат – изјави Калиопи пред концертот и се присети на големата трагедија поради која го одложи претходниот концерт во Белград, кога една жена почина во салата пред самото нејзино излегување на сцената.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, пред три месеци беше закажан концерт во Белград, но за жал, беше одложен, бидејќи на една жена од публиката ѝ се слоши и почина.

– Имаше многу неточни информации за самиот настан. Само ќе кажам дека гледаме напред и размислуваме позитивно, тоа што го доживеавме некако уште повеќе нè спои, доживеавме нешто незамисливо. Во постојан контакт сум со семејството на несреќната жена. Токму тој момент направи нешто исконско и да го цениме животот повеќе од порано – рекла пејачката за „Пинк.рс“ пред концертот во Белград.

Калиопи прекина концерт во Белград откако почина жена во публиката

Калиопи се огласи по трагичната смрт на жената на концертот во Белград: Ова е најтажен ден во мојата кариера

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот