Калиопи прекина концерт во Белград откако почина жена во публиката

Фото: Курир.рс

Македонската пејачка Калиопи која вечерва требаше да одржи концерт во салата МТС во Белград го одложи истиот откако на една жена во публиката и се слоши и за жал почина, пишуваат српските медиуми.

Госпоѓата која пристигнала на концертот со другарките и ќерката, наеднаш изгубила свест и колабирала, поради што веднаш била повикана брза помош.

На несреќната жена која има околу 70 години и е извршена реанимација, но безуспешно.

Медиумите наведуваат дека Калиопи е многу потресена и дека со солзи излегла од салата и концертот веднаш бил прекинат.

Публиката потоа ја напуштила салата.

Полицијата е на лице место и врши увид.

Според српски „Курир“, концертот се одложува за декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот