ФОТО | Трамп како Супермен предизвика лавина реакции на социјалните мрежи
Доналд Трамп ја искористи можноста на денешната светска премиера на новиот филм „Супермен“ во режија на Џејмс Ган да постави свое шоу на социјалните мрежи.
Препорачано
Во друга карактеристична објава што предизвика разни коментари и смеа, американскиот претседател се појавува облечен како Супермен, претставувајќи го својот претседателски мандат како „ симбол на надежта“, кој – како што вели тој – ги отелотворува „вистината, правдата и американскиот начин на живот“.
THE SYMBOL OF HOPE.
TRUTH. JUSTICE. THE AMERICAN WAY.
SUPERMAN TRUMP. 🇺🇸 pic.twitter.com/fwFWeYonAq
— The White House (@WhiteHouse) July 11, 2025
Оваа негова објава предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, а реагираа оние кои не се согласуваат со неговите политики и настапи на меѓународната политичка сцена и со неговите чести објави на социјалните мрежи и недоследноста. Дел од следачите коментираа во стилот „Ворнер Брос да го тужи за авторските права“ и нагласуваа дека „ова е срамно“ а некои прашуваа и за објавување на „листата на Епштајн“, откако пред неколку дена Федералното биро за истраги (ФБИ) кое поведе истрагата нарачана од врвните функционери на Министерството за правда на САД назначени од претседателот Доналд Трамп заклучи дека органите не пронашле докази дека осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн имал „список на клиенти“ со кои уценувал или заговарал.
Минатиот месец, Илон Маск го обвини Доналд Трамп дека е на „листата“ на Епштајн. Трамп објави изјава на Трут Сошал од поранешниот адвокат на Епштајн, Дејвид Шон, во која се вели дека тој не е вмешан во никакво кривично дело. Шон го застапуваше Трамп во неговото прво судење за импичмент.
Маск подоцна ја избриша објавата, велејќи дека „претерал“.


