Џенифер Лопез - Фото: Инстаграм

ФОТО | „Толку се труди да изгледа како да има 23 години“: Џенифер Лопез и на 56 е во топ форма

Џенифер Лопез (56) повторно привлече внимание на социјалните мрежи откако на Инстаграм објави неколку фотографии од нејзината теретана. 56-годишната пејачка и актерка позираше во бордо спортски комплет составен од краток топ со долги ракави и хеланки во иста боја, кој ја истакна нејзината совршено обликувана фигура.

На трите фотографии, направени со мобилен телефон во модерно уредена домашна теретана, Лопез позира пред огледало со минимална шминка и без филтри. Во описот кратко порача: „Нека биде едноставно.“

Џенифер Лопез – Фото: Инстаграм
Џенифер Лопез – Фото: Инстаграм
Џенифер Лопез – Фото: Инстаграм

Објавата предизвика бројни реакции, а во коментарите следуваа и пофалби и критики. „Точно така. Големата Џени од блокот, а не мала верзија“, напиша една корисничка. Друга ја бранеше од негативните коментари: „Колку и да ја мразат некои, никогаш нема да ја видите скршена, запуштена или безволна.“

„Прекрасна“, „Супер си“, „Кралица“ – беа само дел од позитивните коментари. Но, имаше и такви кои сметаа дека премногу се труди да го задржи младешкиот изглед. „Толку се труди да изгледа како да има 23 години“, гласеше еден коментар.

Некои посебно се осврнаа и на нејзините години. „Близу 60, ахаха“, напиша еден корисник, по што други корисници веднаш застанаа во нејзина одбрана и го обвинија за негативниот коментар поради годините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот