ФОТО | „Тој е толку приземен“: Поранешниот член на „Уан Дајрекшн“ летува во Хрватска

Фото: EPA/Инстаграм/Ресторан „Дон Кихот“

Британската музичка група „Уан дајрекшн“ беше најголема тинејџерска сензација пред десетина години, а денес нејзините поранешни членови имаат успешни солистички кариери.

Еден од нив е и Најл Хоран, кој периодов летувал на Хвар, хрватски остров кој неодамна беше сместен меѓу најубавите острови во светот.

Зејн Малик, Луис Томлинсон, Лиам Пејн, Хари Стајлс и Најл Хоран на Американските музички награди во 2013 година / Фото: EPA/PAUL BUCK

Оваа вест ја сподели хрватската тиктокерка Петра, која објавува под псевдонимот Гранчичи, и раскажа како популарниот музичар го посетил нејзиниот ресторан „Дон Кихот“.

Фото: Инстаграм/Ресторан „Дон Кихот“
Фото: Инстаграм/Ресторан „Дон Кихот“

Таа потенцираше дека Хоран ја воодушевил со неговата скромност и приземност, но не сподели кога точно се случила неговата посета.

„Минатата недела ми соопштија дека во ресторанот ќе пристигне една позната личност. Не ми кажаа која, само побараа маса со малку поголема приватност. Таа вечер беше навистина прекрасна, со прекрасно зајдисонце, а на крајот испадна дека станува збор за Најл Хоран од ‘Уан дајрекшн’. Момчето е толку симпатично, скромно, приземно и навистина сите се воодушевивме“, раскажа Петра во своето видео.

„Молам?“, „Јас би умрела“, „Толку блиску, а толку далеку“, се дел од коментарите на разочараните хрватски обожаватели, кои ја пропуштиле можноста да ја запознаат својата омилена ѕвезда.

@granchichi Jeste li ikada upoznali celebrity osobu? #fyp #foryoupage #viral #hvarisland #hvarcroatia ♬ original sound – Petra 🤍

ВИДЕО | Зејн Малик ги откри причините за разделбата на „Уан дајрекшн“: Ни се смачи еден од друг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот