Објавена листа со најубавите острови во светот, меѓу нив се најде и еден во Хрватска
Веб-страницата за патувања „Травел енд лејжр“ објави листа со најубавите острови во светот, врз основа на искуствата на нивните читатели.
Препорачано
На првото место се најде прекрасниот карипски остров Света Луција.
„Помеѓу живописните планини Питон, мирните водопади, лиснатите палми и неверојатното крајбрежје – островот Света Луција е едноставно идиличен. Оваа карипска област е омилена меѓу планинарите, но и нуркачите – постои дури и место за нуркање наречено ‘Фејриленд’, познато по шарените корали и средбите со желките“, се вели во описот на островот Света Луција.

Меѓу дваесетте острови на листата се најде и еден хрватски туристички бисер – островот Хвар. Тој се најде на 12. место.
„Хвар е сместен близу брегот на Хрватска, а неговиот главен град, исто така именуван Хвар, нуди совршена комбинација од историја, шарм и прекрасни плажи“, пишува „Травел енд лејжр“.
Од „Травел енд лејжр“ им препорачуваат на читателите да уживаат во прошетки низ хварските улици со калдрма и да ја истражат неверојатната винска сцена на Хвар, која постои илјадници години.

Покрај Хвар, на листата се најдоа и други прекрасни острови како Бали, Санторини, Бора Бора, Бермуда и други.
Целосната листа со најубави острови во светот можете да ја прочитате тука.


