Фото: ФК Тетекс

ФОТО: Тетекс преку оглас бара фудбалер, нуди минимална плата – 24.400 денари

На сајтот за Агенцијата за вработување денеска се појави еден необичен оглас, Тетекс одлучи преку оглас за „нормална“ работа да бара засилување во својот тим.

Еден од најславните македонски клубови според објавата во огласот нуди плата од 24.400 денари, а интересно е што е наведено и работно време од осум до 16 часот.

Во текстот е наведено и дека е потребно искуство покрај кое е додадено бројка „1“ што не е јасно што точно означува.

На крајот од огласот се додава:

„Ако сте спремни да влезете во тимот – Тетекс чека нов фудбалски херој“.

Преземено од: Спорт.ком.мк

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот