Фото: Инстаграм/Тејст Атлас

ФОТО | „Тејст Атлас“ ја објави листата на 100 најдобри јадења во светот: Српската Комплет лепиња меѓу 10-те најдобри!

Патувањето низ светот на вкусовите никогаш не било полесно – или повкусно! Популарниот гастрономски портал „Тејст Атлас“ ја објави својата листа на 100 најдобри јадења во светот за 2025/26 година, базирана на повеќе од 450.000 оценки. Од топли, домашни супи во Јужна Америка, преку италијански класики како пицата и тартуфите, до балкански специјалитети – оваа листа е вистински рај за сите љубители на гастрономијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

1. Парагвајската супа Вори-Вори на врвот

На првото место се најде Вори-Вори (Bori-bori), парагвајска супа со мали топчиња од пченкарно брашно и сирење, готвена во богат вкусен сос со пилешко, зеленчук и зачини. Топчињата го впиваат сосот, задржувајќи го обликот, што супата ја прави обилна и заситувачка. Вори-Вори се јаде во домашни кујни, на села и во мали ресторани, особено во студените денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Juan Gabriel Perez (@juangpizza)

2. Пица Наполетана – италијанска икона

На второто место е пица Наполетана, класика на италијанската кујна. Се подготвува во две традиционални варијанти: маринара со сос од домати, лук и оригано и маргарита со домати, моцарела и свеж босилек. Тестото е тенко на дното, а рабовите воздушести, со карактеристични „леопард“ траги од печење. Современа Маргарита била создадена во 1889 година од пица-мајсторот Рафaеле Еспозито за кралицата Маргарита, а денес е официјално призната од ЕУ како традиционален специјалитет.

3. Италијански тартуфи

На третото место е Тајарин ал тартуфо бијанко далба (Tajarin al tartufo bianco d’Alba), едноставно, но раскошно италијанско јадење од домашни тестенини, зачинето со путер, бибер и свежи бели тартуфи од регионот Алба. Се посипува и со пармезан, а најдобро оди со чаша суво црвено вино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TasteAtlas (@tasteatlas)

Српска комплет лепиња

Меѓу пријатните изненадувања, на осмото место се најде српската Комплет лепиња, традиционален деликатес од Ужице и Златибор. Според „Тејст Атлас“, ова јадење во 2023 година било прогласено за „појадок на годината“. Комплет лепиња се премачкува со кајмак, се прелива со јајце и кратко се пече, додека специјалната мешавина масти – претоп – му дава богат вкус. Иако високо калорично, е идеално за појадок, најчесто со чаша јогурт или кисело млеко, и се смета за совршен лек за мамурлак.

На листата на „Тејст Атлас“ се најдоа и други специјалитети од светот, како перуанскиот Arroz Tapada или тајландскиот Tom Yum, покажувајќи дека љубовта кон храната не познава граници. За сите гурмани, оваа листа на „Тејст Атлас“ е совршена инспирација за кулинарско патување низ вкусовите на светот – од Јужна Америка и Италија до Балканот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот