ФОТО | Тејлор Свифт во прегратка со новиот љубовник Тревис Келче

Фото: Photo Image Press / Zuma Press / Profimedia// EPA-EFE/CAROLINE BREHMAN

Тејлор Свифт е забележана како го прегрнува Тревис Келче додека ја славеле неговата победа во неделата, на приватна забава во Канзас Сити, Мисури.

Пејачката очигледно ужива со нејзиниот нов партнер, а на фотографијата до која дојде „ТМЗ“, се гледа како Келче седи во барот додека Свифт стои покрај него и го прегрнува, додека разговара со некој во близина, пренесува „Дејли меил“ (DailyMail).

Откако новиот пар излезе во јавноста со нивната романса во текот на викендот, поранешната девојка на Келче, во ексклузивно интервју за „Дејли меил“ , ја предупреди Свифт за неговото неверство и рече дека „тој само ја искористувал“.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм/ TMZ

И покрај тоа што јавно ја открија својата нова романса на натпреварот и го поминаа викендот заедно, „Дејли меил“ пишува дека Свифт и нејзиниот нов партнер „не брзаат со ништо сериозно“, туку „уживаат во заедничкиот живот“.

„Двајцата се многу фокусирани на кариерата, така што фокусот е на тоа засега“, додава „Дејли меил“. Но, тоа нема да ги спречи да уживаат во животот кога е вистинскиот момент.

Претходно, Свифт ѝ се придружи на неговата мајка, Дона Келче, на трибините на натпреварот помеѓу Канзас Сити Чифс и Чикаго Медведи, каде заедно го бодреа Тревис.

Таа ќе присуствува на уште еден од неговите натпревари и ќе го бодри додека игра против Џетс во Њујорк следната недела.

ВИДЕО | Тејлор Свифт страсно навиваше за новото момче, НФЛ ѕвездата: Натпреварот го следеше со неговата мајка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот