ФОТО | Татјана Стојановска ја истакна природната убавина: Се појави со фризура како во младоста

Фото: Инстаграм / tatjana.stojanovska

Македонската ТВ-презентерка Татјана Стојановска повеќе децении е препознатливо лице на нашите мали екрани која плени со својата убавина и елеганција и во петтата деценија.

Неодамна Татјана одлучи да сподели фотографии од себе на Инстаграм со кои докажа дека поседува вонвременска убавина. Таа за првпат по подолго време се појави со фризурата со која беше препознатлива во младоста.

Фото: Инстаграм / tatjana.stojanovska

Имено, таа се потсети на својата младост и покажа дека имала слична модна комбинација како на сликата за табло.

„Денеска со ‘натурална’ фризура што многу ретко, скоро никогаш не ја носам на екран. Фризура што ја носев во младоста. Денеска сум со сличен стајлинг како од сликата за табло“, напиша Татјана покрај фотографиите.

Фото: Инстаграм / tatjana.stojanovska

Многумина под фотографиите напишаа позитивни коментари за нејзиниот изглед и се сложија дека презентерката е речиси непроменета.

ФОТО | Се омажи Татјана Стојановска: На Михаил му кажав „да“, 10 години откако ме побара за жена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот