ФОТО | Таа има 27, а тој 57 години: Поранешниот сопруг на Моника Белучи ќе добие дете со младата манекенка
Францускиот актер Венсан Касел (57) и неговата 27-годишна партнерка, манекенката Нара Баптиста, ќе станат родители. Тоа ќе биде нејзино прво дете, а Касел ќе стане татко по четврти пат.
Препорачано
Бразилската убавица ја сподели радосната вест на својот инстаграм-профил и го покажа трудничкиот стомак.

Да потсетиме, Касел и 30 години помладата Баптиста првпат беа фатени заедно на крајот на минатата година на плажа во Рио де Жанеиро, но не е познато кога започнала нивната врска.
Французинот претходно беше во брак со манекенката Тина Кунаки (27), а се разведоа во април 2023 година, само неколку месеци пред да стане позната неговата романса со Баптиста. Интересно е тоа што оваа Бразилка физички неодоливо наликува на Кунаки. Касел и Кунаки имаат една ќерка – Амазони (5).
Претходно, Касел беше во брак со италијанската актерка Моника Белучи (59). Со неа има две ќерки, 19-годишната Дева и 13-годишната Леони.


