ФОТО | Страсниот бакнеж ги издаде! Камила Кабељо и Шон Мендес се повторно во љубов

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Пејачката Камила Кабељо и пејачот Шон Мендес се снимени како се бакнуваат на фестивалот Коачела, што предизвика гласини дека ја обновиле врската. На објавените фотографии, освен страсниот бакнеж, се гледа како Камила и Шон се дружат со пријателите, пијат пијалаци, танцуваат…

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Тие двајца раскинаа минатата година, а по раскинувањето изјавија дека имаат намера да останат најдобри пријатели.

„Ја започнавме нашата врска како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме. Многу ја цениме вашата поддршка од самиот почеток и одиме напред“, напишаа тие во заедничката изјава по раскинувањето.

Славниот пар се запозна во 2014 година, додека Камила беше членка на групата „Фифт хармони“, а врската ја започнаа во јули 2019 година, по снимањето на заедничкото видео за песната „Señorita“ и оттогаш беа речиси неразделни. Минатата година тие ја објавија веста дека раскинуваат по две години врска.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

По нивното раскинување се шпекулираше дека 24-годишниот Шон е во врска со познатата докторка Џоселин Миранда (51) со која неколкупати беше снимен на излегувања, а и таа била фатена како оди кај Шон. Додека, пак, Камила почна да излегува со Остин Кевич минатата година.

ФОТО | Постара е од него 27 години: По Камила Кабељо, Шон Мендес падна во прегратките на 51-годишна лекарка

ФОТО | Раскинаа Камила Кабејо и Шон Мендес: Парот јавно ги извести фановите за оваа одлука

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот