ФОТО | Раскинаа Камила Кабејо и Шон Мендес: Парот јавно ги извести фановите за оваа одлука

Фото: Принтскрин / Instagram

Камила Кабејо и Шон Мендес раскинаа. Еден од најубавите парови на светската музичка сцена ја прекина две годишната љубовна врска. 23-годишната пејачка и 24-годишниот пејач со објава на социјалните мрежи им ја соопштија веста и на нивните бројни фанови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)


Шон и Камила беа пријатели 5 години пред да ја започнат својата врска во јули 2019 година, кратко по објавувањето на нивниот хит „Senorita“.

Фото: Принтскрин / Instagram

„Здраво дечки, ние одлучивме да ставиме крај на нашата романтична врска, но нашата љубов еден кон друг како човечки личности е посилна од секогаш. Ја започнавме врската како најдобри пријатели и ќе продолжиме да бидеме најдобри пријатели. Ја цениме поддршката која ни ја дававте од почетокот и продолжувате да ни ја давате. Камила и Шон“,  стои во пораката која парот ја објави на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)


Во текот на летото, парот ја прослави својата втора годишнина на социјалните мрежи, а Камила напиша „Среќна годишнина Куко. Наздравувам за повеќе радост, повеќе пријателство и повеќе љубов“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by camila (@camila_cabello)

Очигледно, толку било од љубовта!

Видео на денот