ФОТО | Постара е од него 27 години: По Камила Кабељо, Шон Мендес падна во прегратките на 51-годишна лекарка

Фото: Profimedia

Пејачот Шон Мендес (24) сѐ почесто се дружи со 51-годишната лекарка Џоселин Миранда. Имено, тие биле видени на заеднички шопинг во ноември минатата година, но и на ручек неколку месеци претходно, односно во јули, пишува „Холивуд лајф“.

Неодамна, пејачот и лекарката биле видени пред неговиот дом во Западен Холивуд на 15 јануари годинава. Подоцна истиот ден Миранда била видена како влегува во домот на пејачот. Но, оваа пријателска или потенцијално романтична врска не е нова – тие се познаваат неколку години.

Фото: Head To Toe Celebs / BACKGRID / Backgrid USA / Profimedia

Имено, Миранда била негова лекарка за време на една од неговите претходни музички турнеи, а работела со него и за време на повеќе големи настани како музичките награди на „Ем-ти-ви“ и хумористичната емисија „Saturday Night Live“.

Таа има споделено повеќе фотографии со Мендес од периодот кога го придружувала на музичката турнеја, вклучувајќи ја и објавата во која му го честита роденденот.


Патем, Миранда се занимава со „напредна терапија и техники на дишење за пејачи“ и како резултат на тоа има работено со многу ѕвезди – Џастин Бибер, Џастин Тимберлејк и „The Chainsmokers“ итн. Според биографијата на нејзината веб-страница, таа има повеќе од 20 години медицинско искуство.

Како потсетување, Шон Мендес почна да се состанува со пејачката Камила Кабељо во 2019 година, непосредно по објавувањето на нивниот огромен хит „Señorita“. Иако важеа за еден од омилените млади парови, тие ја раскинаа љубовната врска во ноември 2021 година. Сепак, тие потенцираа дека имаат голема љубов и почит еден за друг, иако не се повеќе заедно.

Фото: O’Connor-Arroyo / PA Images / Profimedia

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот