ФОТО | Стана баба на 45 години и раскажа искрена приказна за внуката: Водителката Маја Поцевска ја отвори душата
Водителката Маја Поцевска, која стана баба на 45 години, прозбори за внуката Мина, која се роди во септември во 2022 година. Нејзината ќерка Јана млада стана мајка, на 22 години, исто како и Маја. Во една прилика, водителката на подкастот „Равенка за успех“ рече дека е традиција во нејзиното семејство жените млади да стануваат мајки.
Препорачано
„Мојата мајка мене ме родила на 18 години, јас ја родив Јана на 22, а Јана ја роди Мина исто така на 22. Имавме неодамна генерациска средба со пријателите од средно. Повеќето мои другарки имаат мали деца, но јас ете бев паметна и подранив. Тоа дека имам внука, беше топ тема на оваа средба“, рече Маја во 2022 година за „Женски магазин“.

За внуката, таа зборуваше во емисијата „Нешто конкретно“, која ја уредува и ја води Снеже Велков.
„Јас имам внука од ќерката. И сум баба, на моите години, некои жени не се остварени ни како мајки. Јас сум горда на тоа што сум родила на 20 години и што сум станала рано баба, и тоа е за мене среќа. Значи, убавината не е секогаш репер. Има многу што се мажат на 35-40, јас сум се омажила на 20 па сум порано баба. Има жени кои стануваат баби на 86 години. Ако си станала баба на 40 и кусур години не си во таа возраст кога треба да сметаш дека си веќе стара, а одржана“, рече Поцевска, која секогаш внимава на својот изглед и се негува.


