ФОТО: Српскиот стилист и шминкер Александар Драмиќанин ја претвори својата 86-годишна баба во холивудска ѕвезда

Српскиот стилист Александар Драмиќанин, кој се грижи за беспрекорниот изглед на бројни јавни личности во Србија и регионот, вели дека неговата најголема инспирација е неговата 86-годишна баба Милоратка која живее на село.

А дека шминката и фризурата навистина прават разлика и можат да променат човек во целост сведочи оваа природна убавица која вештите раце на Драмиќанин ја претворија во вистинска холивудска дива.

Александар на својот инстаграм-профил ја сподели неверојатната трансформација на неговата баба воодушевувајќи ги своите следбеници, но и оние кои досега не биле запознаени со неговиот талент.

Многумина велат дека трансформацијата на неговата баба е вистинска победничка маркетинг кампања за овој млад човек, бидејќи деновиве на социјалните мрежи се зборува многу за неа.

Баба ми! Ја сакам најмногу на светот! Покрај сите преубави жени кои сум ги средувал, ти сè уште најмногу ме инспирираш“, напиша тој во описот на фотографијат која ја сподели на својот инстаграм-профил.

Несомнено, тој ја претворил својата баба од жена која воопшто не носи шминка, ниту пак обожава да носи фризури, во холивудска ѕвезда откако ја нашминкал професионално и ја облекол во модерна гардероба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот