ФОТО | Извајано тело: Српската убавица Нина Сеничар позираше во танга бикини и ги полуде сите!

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската актерка, манекенка и водителка Нина Сеничар неодамна ја посети Австралија од каде на својот инстаграм-профил сподели серија фотографии.

Убавата актерка уживала во шетање, посетување ресторани и дегустација на разни специјалитети, а најголемо внимание привлече нејзината фотографија во танга бикини.

Нина позирала додека пиела вино во базен свртена со грб кон камерата, облечена во бордо бикини со долен дел танга.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

– Се заљубив во Мелбурн, јадев крокодилски јазик и кенгурски тартар, возев по Ред хил, ги видов плажите на Златниот брег… Збогум Австралија, едвај чекам да се вратам – напишала Нина во описот на објавата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Нина Сеничар (38) е во брак со холивудскиот актер Џеј Елис (42) познат по улогата во филмот „Топ ган: Маверик“.

Инаку, Нина неодамна се породи со второто дете, а домот на Нина и Џеј, според американските медиуми, е вреден 4,5 милиони евра, а сè е уредено по вкусот на убавата актерка и водителка.

Да потсетиме, Сеничар и Елис се свршија на почетокот од 2019 година, за време на нивниот одмор на Бали, а решија да се венчаат во романтичната Италија.

Сеничар блесна во венчаница на модната куќа „Долче и Габана“, направена специјално за неа, а Елис избра елегантен бордо костум.

ФОТО | Бајкa во Тоскана: Српската актерка се омажи со ѕвездата на „Топ Ган“

ФОТО | Нина Сеничар е бремена: Убавата Србинка и холивудскиот актер Џеј Елис ќе станат родители по вторпат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот