ФОТО | Бајкa во Тоскана: Српската актерка се омажи со ѕвездата на „Топ Ган“

Фото: Инстаграм

Српската водителка, манекенка и актерка Нина Сеничар (36) се омажи за својот долгогодишен партнер, американскиот актер Џеј Елис (40), со кој ја има тригодишната ќерка Нора Грејс, а свадбената церемонија се одржа во познатиот замок „Вила Манџакане“ во италијанската покраина Тоскана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Двојката се венча на 9 јули, а за магазинот „Вог“ споделиле фотографии од раскошната церемонија.

„Вог“ објави дека меѓу гостите биле и колегите на Елис од филмот „Топ Ган: Маверик“ Грег Тарзан Дејвис и Глен Пауел, како и неговата колешка од серијата „Несигурни“, Иса Реј.

Нина носела свилена венчаница од „Долче и Габана“ кои ги искомбинирала со дијамантски обетки и прстен од својата покојна баба. Елис носел темноцрвен смокинг од „Долче и Габана“ во комбинација со црвени кадифени чевли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)


„Откако нивните планови се сменија неколкупати поради пандемијата на коронавирусот и распоредот на снимања, парот се венча во вила во Тоскана опкружена со лозја и маслинови градини“, пишува „Вог“.

„Отсекогаш знаевме дека сакаме да се венчаме во Италија бидејќи одењето таму беше нашето прво заедничко патување“, објаснила Нина.

Инаку, Нина и Елис се запознале во 2015 година во еден бар во Лос Анџелес, а четири години подоцна се свршиле.

– Го поканив на вечера, го однесов на вечера и ја платив. Имав некоја друга идеја како тоа ќе се развива, но не се разви на тој начин. Затоа што тој имаше сосема друга идеја во главата. Ако го прашаш, ќе каже дека кога ме видел си рекол дека ќе се ожени со мене. Како што реков, имав сосема поинаква идеја во мојата глава. Мислев дека тоа ќе биде нешто краткорочно, но испадна дека тоа ќе биде мажот на мојот живот – неодамна во една ТВ-емисија открила Сеничар како го запознала својот сопруг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)


Американскиот актер е ѕвезда на новиот акционен филм „Топ Ган: Маверик“, а го знаеме и како шармантното момче на Иса Реј од серијата „Несигурни“. Глумеше и во „Вовед во анатомија“, „Поморски истражувачи“, „Соба за бегство“, „Филм 43“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот