ФОТО | Нина Сеничар е бремена: Убавата Србинка и холивудскиот актер Џеј Елис ќе станат родители по вторпат

Фото: Profimedia/Инстаграм/Нина Сеничар

Српската актерка и манекенка Нина Сеничар (38) и американскиот актер Џеј Елис (42) ќе станат родители по вторпат. Двојката веќе ја има четиригодишната ќерка Нора Грејс, која најмногу му се радува на новиот член на семејството.

Сеничар ја сподели среќната вест на својот инстаграм-профил, објавувајќи свои фотографии на кои е во кафеав комбинезон и ѝ се гледа трудничкиот стомак.

„И токму така… бебето бр. 2 пристигнува“, напиша актерката во описот на објавата.

Фото: Инстаграм/Нина Сеничар
Фото: Инстаграм/Нина Сеничар
Фото: Инстаграм/Нина Сеничар

Да потсетиме, Сеничар и Елис се свршија на почетокот од 2019 година, за време на нивниот одмор на Бали, а решија да се венчаат во романтичната Италија.

Сеничар блесна во венчаница на модната куќа „Долче и Габана“, направена специјално за неа, а Елис избра елегантен бордо костум.

Фото: Инстаграм/Нина Сеничар

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот