ФОТО | Српската манекенка блесна на Оскарите: Со сопругот уште еднаш покажаа што е добар стил

Нина Сеникар
Нина Сеникар и нејзиниот сопруг Џеј Елис / Фото: Принтскрин/Инстаграм

Српската манекенка, водителка и актерка Нина Сеничар се појави на црвениот тепих на доделувањето на Оскарите и воодушеви со својот моден избор и изглед воопшто.

36-годишната Нина за церемонијата одбрала прекрасен црн фустан со потпис на „Долче и Габана“, а критичарите на социјалните мрежи ја прогласија за една од најдобро облечените дами таа вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

На доделувањето на Оскарите пристигна во придружба на нејзиниот сопруг, американскиот актер Џеј Елис.

Во видеото кое го објави на својот инстаграм-профил со своите бројни следбеници и обожаватели покажа како изгледале подготовките за најважната холивудска вечер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Актерката, која ја нарекуваат најубавата Србинка, ја отелотвори Кери во серијата „The Downside of Bliss“ со Ерик Робертс и Били Зејн.

Убавата Нина на својот инстаграм-профил сподели и неколку фотографии од гламурозната забава на „VanityFair“ која традиционално се одржува веднаш по доделувањето на Оскарите. Таа за забавата повторно носеше фустан на „Долче и Габана“ кој соврешно ѝ прилега.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Актерката својата кариера ја започнала на италијанската телевизија, а потоа се преселила во Америка. Со актерот Џеј наводно се во врска од 2015 година, но потврдија дека се заедно дури во 2017. Во ноември  2019 година ја добија ќерката Нора Грејс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот