Јелена Карлеуша / Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша/Златко Јовановски

ФОТО | Спектакуларна креација: Македонскиот дизајнер Златко Јовановски повторно ја облече Јелена Карлеуша

Талентираниот Златко Јовановски – ЈЗЈ е еден од најуспешните македонски модни дизајнери, кој досега има осмислено креации за повеќе регионални, но и светски ѕвезди. Ава Макс, Муни Лонг, Кеш Дол и Талија се само дел од нив.

Сепак, една од неговите најдраги соработки е онаа со балканската трендсетерка Јелена Карлеуша. Таа првпат облече негова креација во 2021 година, за потребите на списанието „Хелоу“, а сега повторно „блесна“ во спектакуларен фустан со потпис на нашиот Јовановски.

„Дивата Јелена Карлеуша е повторно во наша креација. 2024 не можеше да почне подобро“, напиша дизајнерот на својот инстаграм-профил.

Карлеуша го искомбинирала фустанот со палто со вештачко крзно и кристали на српскиот дизајнер Бојан Петровиќ.

Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша
Фото: Инстаграм/Јелена Карлеуша

ИНТЕРВЈУ | Златко Јовановски: Јас сум совршен маж, ми фали само уште малку погуста коса и пет милиони евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот