ФОТО | Сопругата на Меси ги украде сите погледи во Париз
Заедно се долги години, а јавноста за нивната врска дозна дури во 2009 година. Антонела во Аргентина студирала стоматологија, но поради Меси ги напуштила студиите и заедно се преселиле во Барселона.
Сопругата на познатиот фудбалер Лионел Меси, Антонела Рокузо, на доделувањето на наградите на ФИФА, кое се одржа во Париз, повторно воодушеви со својот изглед и моден избор.
Препорачано
Антонела по повод доделувањето на овие престижни награди се појави во елегантен долг црн фустан, креација на модната куќа „Долче и Габана“. За фризурата се одлучи за пунџа во полежерен стил, а на својот аутфит додаде елеганција со малку подолги обетки.

Најнезаборавниот дел од нејзиниот синоќешен аутфит е црвената чанта во форма на ружа. И модниот избор на Лионел Меси беше елегантен, но од друга страна и впечатлив поради светкавите елементи на палтото. Фудбалерот се одлучи за црн костум, црна пеперушка и црни свечени чевли.

„Честитки душо. Многу сме горди на тебе“- гласеше објавата на инстаграм – профилот на Антонела, откако Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) го изгласа го избра Лионел Меси за најдобриот играч во светот во сезоната 2021/2022.

Ова е вкупно седми пат аргентинскиот фудбалер да биде прогласен за најдобар играч во светот според изборот на ФИФА. Покрај Меси во потесна конкуренција беа уште Килијан Мбапе и Карим Бензема која претходно ја освои „Златната топка“ на „Франс Фудбал“.
ФИФА само потврди: Меси е најдобриот фудбалер за 2022 година!
ВИДЕО | Aнтонела збесна: Синот на Меси фрли мастика кон аргентински навивачи


