ВИДЕО | Aнтонела збесна: Синот на Меси фрли мастика кон аргентински навивачи

Фото: Screenshot

Целото семејство на Лионел Меси е во Катар каде што го следи неговиот последен Мундијал во кариерата како фудбалер. Сега поради едно видео на социјалните мрежи во центарот на вниманието се најде синот на Меси, Матео.

За време на натпреварот против Австралија кој беше 1000-ти во кариерата на Меси камерите во ложата го забележаа малиот Матео со сопругата на Лео, Антонела. Во еден момент Матео извади мастика од устата и ја фрли кон навивачите на трибините.

Антонела во прв момент не го забележа, но набрзо сфати што направи и го предупреди за недоличното однесување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот