ФОТО | Софија Вергара објави фотографија топлес и во танга: Му се „одмазди“ на поранешниот сопруг за новата девојка

Џо Манганиело и Софија Вергара на годинашните Оскари / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Актерката Софија Вергара (51) и Џо Манганиело (46) официјално се разведуваат по седум години брак.

Софија Вергара на својот инстаграм-профил сподели топлес фотографија која предизвика бура на мрежите. Оваа фотографија, која сама по себе е доволно интригантна, привлече дополнително внимание на јавноста, кога светските медиуми овој потег го поврзаа со промените во нејзиниот љубовен живот.

Како што пишува порталот „Хола“, актерката ја споделила оваа фотографија откако во јавноста одекна веста дека нејзиниот поранешен сопруг сега има нова девојка Кејтлин О’Конор.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Имено, 46-годишниот Џо е снимен како ја напушта теретаната со својата наводна нова девојка, која има 33 години, што би значело дека е 18 години помлада од Софија која има 51 година.

Извор за „Ти-ем-зи“ изјавил дека нивната врска не е официјална, туку повремено излегуваат, откако се запознале минатиот месец на забава за премиерата на втората сезона на шоуто „Winning Time“ на Ејџ-би-о, во кое Кејтлин ја игра младата Дајан Канон.

Да потсетиме, Џо и Софија објавија дека се разведуваат во јули оваа година, а само два дена подоцна тој официјално поднесе барање за развод. Тој изјавил дека датумот на разделба бил 2 јули, а причина за разводот биле непомирливите разлики. Поранешните сопружници немаат деца, а Софија има 31-годишен син од претходниот брак.

Џо Манганиело поднесе барање за развод од Софија Вергара: Ја наведе причината за нивната разделба

ФОТО+ВИДЕО | Софија Вергара го слави разводот: Танцува во танга-бикини во Италија

ФОТО+ВИДЕО | Софија Вергара го слави разводот: Танцува во танга-бикини во Италија

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот