Индиски слон / Фото: wildlifesos.org

ФОТО | Слон влегол во ресторан во Тајланд во потрага по храна

Слон во потрага по храна упаднал во ресторан во близина на Националниот парк Као Јаи, во областа Пак Чонг во Тајланд, пренесуваат локалните медиуми.

Животното, кое локалните жители го познаваат под името Бианг Лек, во средата наутро се појавило во ресторанот Пенлаос околу четири часот наутро за да пронајде нешто за јадење, објави весникот „Бангкок Пост“. Ресторанот е познат по тоа што има препорака „Биб Гурман“ од Мишелин, што се доделува на места со квалитетна храна по пристапни цени.

Се чини дека Бианг Лек често излегува надвор од границите на националниот парк во потрага по храна, но ова е првпат да „посети“ ресторан со толку добра гастрономска репутација.

Жителите од околината коментираат дека слонот веројатно веќе се навикнал на храната што ја консумираат луѓето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот