ФОТО | Славната Шехерезада призна: Плачев од глад и ослабев 21 кг, а операцијата беше само шега
Турската актерка Бергузар Корел (43), најпозната на домашните гледачи по улогата на Шехерезада во серијата „1001 ноќ“, деновиве повторно е во центарот на вниманието поради нејзината искрена исповед за борбата со килограмите и притисокот на јавноста. Во долго обраќање на социјалните мрежи, таа отворено призна дека понекогаш плачела од глад за да ослабе, додека истовремено била исмејувана на насловните страници за нејзиниот изглед по породувањето, пишува „Ен.Хаберлер“.
Препорачано

Наместо гламур и совршени фотографии, Бергузар Корел откри колку всушност бил болен патот до „идеалната фигура“, од строга диета и постојано чувство на вина, до тоа дека верувала дека публиката ќе ја прифати дури кога „ќе се врати на старото“.
Нејзината иронична изјава „за операцијата за намалување на желудникот“, како што сега појасни, била само шега на сметка на постојаниот притисок од јавноста поради нејзиниот изглед. Таа нагласи дека нејзината трансформација е резултат на одрекување, притисок, но и желба повторно да го засака сопственото тело.
Според нејзините зборови, патот до сегашната фигура бил сè друго освен лесен – барал голема самодисциплина и одрекување. Таа опиша како со месеци живеела под строг режим на вежбање и исхрана, а во најтешките моменти, вели, буквално плачела од глад.

Бергузар и нејзиниот сопруг, Халит Ергенч, кој стана познат по улогата на Сулејман Величествениот, заедно одлучиле да се посветат на здрав начин на живот, смислиле свој план и заедно успеале да ослабат дури 21 килограм (таа 7, а тој 14). Нивното мени се базирало на сирова и минимално преработена храна. Кога сакале нешто благо, посегнувале по „здрави“ десерти направени од нане, портокал, какао и урми, а заедничките резултати јасно покажуваат колку со доследност и добар план можат да се постигнат видливо поздрав и посвеж изглед.

Бергузар Корел и Халит Ергенч се во брак од 2009 година. Среќата ја комплетираа синовите Али и Хан и нивната ќерка Лејла, а семејството веќе извесно време живее меѓу Истанбул и Лондон.
ФОТО | Турската актерка непрепознатлива: Го смени изгледот за нејзиниот нов проект
ВИДЕО | Доза на луксуз: Омилениот турски пар ја отвори вратата од својот дом


