ФОТО | Слаткар откри дека негови песни се на саундтракот на филмот „Сестри“

Слаткар/Инстаграм
Слаткар/Инстаграм

Раперот Марко Маринковиќ, познат под сценското име Слаткар или Слаткаристика , на својот инстаграм профил објави дека две негови песни ќе бидат застапени како музичка поддршка на домашниот филм на Дина Дума – „Сестри“, во кој главни улоги играат Миа Жиро и Антонија Белазелкоска.

Тој сподели објава во која гордо напиша:

„Две мои песни се дел од официјалниот саундтрак на филмот „Сестри“. Филмот можете да го гледате на Нетфликс, а ако сакате во кино, игра во Милениум“.


Тој не откри кои песни во филмот се негови, но останува да го гледаме филмот и да дознаеме.

Видео на денот