ФОТО | Скандал во Загреб – лекарка од Итната помош шмрка кокаин, објавени се фотографии
Лекарка од Итната медицинска помош во Загреб се најде под истрага откако се појавија фотографии на кои наводно консумира кокаин. Нејзините надредени во Заводот за итна медицина на Загрепската жупанија потврдија дека примиле пријава и дека ќе ја упатат лекарката на вонреден лекарски преглед, објави емисијата „Провјерено“.
Препорачано
Информацијата дека лекарката консумирала кокаин не е официјално потврдена.
Фотографиите на кои се гледа како лекарката шмрка бел прашок, емисијата „Проверено“ ги добила, како што тврдат, на почетокот на февруари.
Набргу потоа, пријава дека лекарката работи под дејство на дрога примиле и нејзините надредени во Заводот за итна медицина на Загрепската жупанија.
Кога новинарите се обиделе да стапат во контакт со неа, лекарката побарала годишен одмор и сè уште не се подложила на тестирање кај специјалист по медицина на трудот.
Директорот на жупанискиот Завод за итна медицина, Даворин Гајник, ги објасни понатамошните чекори.
„Таа моментално е на двонеделен годишен одмор, но по враќањето, пред повторно да почне со работа, ќе биде упатена на вонреден лекарски преглед“, изјави Гајник, додавајќи дека прегледот треба да ја утврди нејзината работна способност.
Тој тврди дека претходно немал сознанија за користење дрога и дека на работа никогаш не изгледала како да е под нивно дејство. Напоменал и дека фотографиите настанале во приватно опкружување.


