ФОТО | Сите очи вперени во неа: Жешката спортистка Адел Никол го одзема здивот на ЗОИ!
Британската спортистка Адел Никол (29) има единствена цел – освојување медал во две различни спортски дисциплини на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина во 2026 година. Никол се натпреваруваше во боб едносед и се пласираше на 18-то место, и иако не е задоволна од резултатот, таа останува оптимист, а в петок ќе се натпреварува и во боб со две седишта.
Препорачано
Покрај тоа, оваа атрактивна атлетичарка е и трикратен британски шампион во фрлање ѓуле.

Никол, која пред четири години во Пекинг беше само резервен член на тимот, сега е и официјално олимпијка. Со години успешно ги комбинира атлетиката и боб-санкањето, но призна дека се разочарала од својот настап во едноседот.
„Тоа веројатно беше најлошото возење што некогаш сум го направила. Вистинска штета е што се случи токму на Олимписките игри“, изјави таа за Би-би-си, но останува мотивирана за тимското натпреварување.
Во исто време, таа не се откажува ниту од своите атлетски амбиции.
„Повторно да го носам дресот на Велс на Игрите на Комонвелтот би било нешто посебно. Верувам дека тоа е изводливо, но сè ќе зависи од моите планови по Милано и Кортина. Никогаш не би ја отпишала целосно таа можност“, порачала Никол.

На Игрите на Комонвелтот во Бирмингем во 2022 година, Никол го освои осмото место во фрлање ѓуле.
Надвор од спортот, таа изгради и завиден број следбеници на социјалните мрежи, каде што во слободно време објавува детали за своите тренинзи и методи за закрепнување.
Никол на шега сподели со своите обожаватели дека се обидела да глуми гламурозна инфлуенсерка додека била во сауна и пливала во морето во Велс, но призна дека тоа едноставно не одговара на нејзината личност. Во слободното време, таа сака да ги следи и другите спортови, па така во 2024 година во Манчестер го следела УФЦ 304, каде што со посебно возбудување навивала за Моли Мекан.


