ФОТО | Синот на Том Хенкс отворено за славата во која растел: Тешко е да си дете на oскаровец

Том Хенкс и Чет Хенкс/Инстаграм
Том Хенкс и Чет Хенкс/Инстаграм

Тешки проблеми ги мачат децата на славните кога е во прашање нивната позиција во која не избрале да се родат – така е и со синот на Том Хенкс, кој деновиве искрено проговори за животот со славен, привилегиран и богат татко.

Чет Хенкс објаснува дека кога растел, немал класичен пример на татко кој ќе го бодри или советува како останатите татковци. Во видеото „ Вистината за растењето како Хенкс“ објавено на неговиот јутјуб-канал, зборува за тоа како бил опкружен со богатство и слава, но…

„Моето искуство е комплицирано, затоа што славата не само што беше отровна, јас не бев ни славен“, рече Чет.

Неговите врсници го доживувале како „арогантен, размазен и привилегиран“ и го повредувале со коментари од типот „нема силен машки пример кој би му кажал дека сите се само љубоморни на него“

„Беше тешко да се срушат сите тие ѕидови“, изјави Чет и додаде: „Наидував на многу презир, непријателсства и негативност во текот на растењето, затоа што сите беа подготвени да ме мразат“, вели тој во видеото.

Тој дополнително кажа дека му било тешко кога гледал како неговата позиција е подобра од останатите деца, затоа што можел да прави работи за кои некои од неговите врсници можеле само да сонуваат.

„Можам да отпатувам каде сакам, и да не се грижам за околностите. Тоа колку што е добро и сум благословен за истото, толку е и чудно“ , вели тој.

Чет Хенкс минатата година привлече внимание во јавноста кога јавно се противеше против вакцини и маски, и покрај тоа што неговите родители беа првите што јавно признаа дека се заразиле со коронавирусот. Чет и неговиот брат Труман се синови на славниот оскаровец, кој има син Колин и ќерка Елизабет од претходниот брак со Саманта Луис.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот