Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо

ФОТО | Синот на Тамара Тодевска дебитира на филмското платно: Почна снимањето на новиот филм на Небојша Јовановиќ

Небојша Јовановиќ викендов го почна снимањето на својот нов филм со работен наслов „И Божана сака чоколадо“, копродукција меѓу Македонија, Србија и Молдавија, работен по сценарио на Ева Камчевска и Небојша Јовановиќ.

Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо

– Ова е храбар филм за немоќта на едно општество да се осознае, за последиците од неприфаќањето на сопствените и изборите на другите, за нештата кои длабоко нè засегаат и болат како општество, а не сакаме да си ги кажеме едни на други – вели Јовановиќ и подвлекува дека е задоволен со реализацијата на овој филм, бидејќи обработува исклучително важна тема, која буквално ја живееме секојдневно, а уметноста е најубавиот начин да се погледнеме во огледало.

Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо “

Филмот се снима на локации во центарот на Скопје. Главните улоги ги толкуваат Даниела Ивановска, младиот Александар Стоименовски, кој во изминатиов период гради успешна актерска кариера во Белград, а во улогата на малиот Ивица се појавува Дарен Тодевски, син на популарната македонска пејачка Тамара Тодевска.

Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо

Останатиот дел од актерската екипа ја сочинуваат: Петар Мирчевски, Маја Вељковиќ, Гордана Ендровска, Марија Кондовска и Мартин Ѓорговски.

Кастинг-директор е Биљана Драгичевиќ, кинематографер Дарио Секуловски, костимограф Жаклина Крстевска, шминката е на Жанета Димитриевска.

Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија.

Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо
Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо
Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо
Снимање на филмот „И Божана сака чоколадо“/Фото: Промо

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот