Фото: Притнскрин Инстаграм/Тикток

ФОТО | Синот на Џастин Бибер се маскирал во својот татко за Ноќта на вештерките

Синот на Џастин и Хејли Бибер, малиот Џек, се облече како својот славен татко од раните денови на неговата кариера за овогодинешната Ноќ на вештерките. Гордата мајка Хејли ги сподели преслатките фотографии на својот Инстаграм профил кои веднаш го освоија интернетот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Hailey Rhode Bieber (@haileybieber)

Едногодишниот Џек, кој го прослави својот прв роденден во август, носеше бели панталони и соодветно бело сако со виолетови детали и качулка, верно пресоздавајќи еден од најпрепознатливите стилови на Џастин од почетокот на неговата блескава поп кариера.

@unstablebieber iconic purple and white 💜🤍 #justinbieber #biebertiktok #myworldtour #kidrauhl #fyp ♬ original sound – J ♡

„Среќна Ноќ на вештерките од JBB“, напиша кратко моделот покрај објавата. Фотографиите брзо станаа вирални, а меѓу многуте познати личности на кои им се допадна објавата беа Чарли XCX, Зои Дојч, Кендал Џенер и Меган Трејнор.

Хејли Бибер – Фото: Притнскрин Инстаграм
Фото: Притнскрин Инстаграм

Се чини дека ова била ноќ со повеќе костуми за малиот Џек. Во своите инстаграм-приказни, Хејли сподели и фотографии од себе облечена како Еластигрл од анимираниот филм „The Incredibles“, додека Џек беше маскиран како преслаткиот лик Џек-Џек.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот