ФОТО | Синди Крафорд со сопругот купи луксузна вила: Искешираа 9,6 милиони долари за овој рај во Мајами

Фото: Профимедиа

Славниот американски пар купи нова вила во Мајами со фантастичен поглед на море…

Американската манекенка и една од најпопуларните супермодели во 90-те години Синди Крафорд (54) и нејзиниот сопруг и бизнисмен Ренде Гербер (58) купија луксузна вила во Мајами на Флорида за 9,6 милиони долари.

Имено, славниот пар веднаш на почетокот на 2021 година ја купил куќата која е изградена во 1955 година и која има 353 квадратни метри.

Куќата која најверојатно била срушена во минатото со цел да се изгради комплетно нов имот, има 5 спални соби и 4 бањи.

Во дворот има голем базен кој се наоѓа на неколку метри од океанот, како и прекрасен тревник за уживање во природата меѓу палмите. Тие ќе имаат свој дел од плажата и обалата и ќе уживаат во неверојатниот поглед.

Синди и Ранде се венчаа во 1998 година и оттогаш се во среќен брак. Тие заедно ги имаат двете деца, ќерката Каја (19), која тргна по стапките на мама и синот Присли (21) кој се занимава со моделинг, но животот му донесе и неколку проблеми, па така тој неодамна заврши во Центарот за одвикнување од дроги.

Погледнете ги фотографиите од луксузната вила и семејството на Синди во Мајами…

Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа
Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот